Барселона и Валверде се разделуваат денеска?

Поразот во шпанскиот Супер Куп веројатно ќе му пресуди на Ернесто Валверде. Денеска тој треба да има состанок со управата на Барселона на кој се очекува да биде договорен раскин на соработката. Ова го тврдат шпанските медиуми кои и уште шпекулираат дека каталонците го бараат Мурисио Покетино за тренерската позиција. Валверде веќе е фотографиран во објектот на Барселона утрово.

Веднаш по неуспхот против Атлетико Мадрид во полуфиналето, Барселона почна да преговара со потенцијалните кандидати. Меѓу нив беше и легендата на клубот Чави Ернандес кој сепак нема во оовој момент да се нафати на задачата.

Валверде во Барселона е од 2017 година. Во овој пердиот освои две титули во првенството и еден трофеј во Купот на кралот, но тимот имаше лоши резултати во Лигата на шампионите.

Се вчитува...