Барселона ја ангажира „заборавената“ бразилска ѕвезда?

Барселона успеа вчера да го регистрира Феран Торес, но тимот од Каталонија не застанува тука во потрага по засилувања. Еден од оние кои може да ја засилат Барса е и нашиот голман Столе Димитриевски, но најновата информација вели дека Барса трнува по Оскар, „заборавената“ бразилска ѕвезда која во моментов настапува во Кина.

Наводно Барселона веќе го контактирала Оскар, и му понудиле да дојде во Барса како замена за Кутињо кој оди во Астон Вила. Оскар веќе пет години игра во Шангај, каде замина по пребогат договор, нешто за што и самиот говореше па останува да видиме дали неделните примања од 563 илјади фунти ќе ги замени за славниот каталонски дрес.

Се вчитува...