Барселона: Ја напуштаме идејата за Суперлига!

Барселона објави кратко соопштение, кое беше ограничено на една реченица, а се однесува на нешто што каталонските медиуми го објавија пред четири месеци.

„Фудбалскиот клуб Барселона со ова објавува дека денеска формално ја извести компанијата на Европската суперлига и клубовите дека го напушта проектот на Европската суперлига“, со што каталонскиот гигант стави крај на учеството во создавањето на затворено континентално натпреварување.

Најбогатите европски клубови се обидоа да формираат натпреварување во кое само тие ќе играат и во кое ќе можат да заработат многу повеќе пари отколку што беше случај во натпреварувањата под покровителство на УЕФА, а идејата за проектот Суперлига беше прифатена од клубовите во 2021 година.

Мотивот за основање на Суперлигата беше токму финансиски, а Барселона сега е задоволна со новата поделба на финансиите утврдена од УЕФА во новиот формат на Лигата на шампионите.

Се вчитува...