Барселона ќе добие 100 милиони за Рафиња

Една од првите аквизиции на Жоан Лапорта откако се врати како претседател на Барселона беше бразилскиот фудбалер Рафиња, за кого на Лидс јунајтед му беа платени 58 милиони евра.

Неполни две години подоцна Каталонците се подготвени се подготвени да го продадат за двојно поголема сума. Каталонскиот „Диарио спорт“ наведува дека 27-годишниот играч од Порто Алегре е на списокот на „втората генерација“ мега засилувања на саудиската про лига и дека клубовите од оваа земја се подготвени да платат околу 100 милиони евра за него.

„Спорт“ наведува дека Лапорта нема да има потреба да се убедува да прифати таква понуда, доколку дојде, туку дека ќе треба да се разговара со Рафиња, бидејќи тој наводно е среќен во Барселона и не е расположен за преселба на Блискиот исток.

Се вчитува...