Барселона ќе ги задржи Феликс и Кансело

Барселона работи на составување на екипата за следната сезона, со која ќе раководи германскиот стручњак Ханс Флик. Прво ќе ги средува сопствените редови, па потоа ќе бара нови засилувања.

„Каталонците“ треба да решат што ќе прават со Жоао Феликс и Жоао Кансело, двајцата играчи кои се позајмени. Според најновите информации, Барселона работи на нивно останување во таборот на Барселона.

Новиот тренер, Ханс Флик е љубител на играта на Феликс, со оглед дека го бараше кога работеше во Баерн. Кансело веќе беше во Баерн, но не под водство на Флик, туку на Тухел минатата сезона.

Се вчитува...