Барселона ќе ја почне сезоната без Лео Меси

Поради повреда на листот на десната нога, Лео Меси најверојатно нема да може да ја почне сезоната со Барселона. Неизвесно е дали тој ќе биде во составот за дуелот од стартното коло против Атлетик Билбао. Натпреварот е закажан за в петок.

„Во тек е неговата рехабилитација, но не знам како ќе биде. Ми изгледа дека нема да може да игра“ – изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Поради повредата, Меси не отпатува со Барселона на турнејата во САД каде каталонскиот тим забележа две победи над Наполи.

Се вчитува...