Барселона ќе ја засилува одбраната од актуелниот шампион на Европа

Финансиските проблеми со кои се соочува Барселона го примораа тимот изминатото лето да се осврне кон играчите чии договори истекуваат па на тој начин, без обесштетување на „Камп Ноу“ беа доведени Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија, а оваа формула каталонците ќе продолжат да ја користат и во пресрет на следната сезона.

Имено, погледите на Барселона сега се завртени кон актуелниот шампион на Европа, Челси каде три одбранбени играчи, Цезар Азпиликуета, Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен остануваат без договор по завршувањето на сезоната.

Каталонците се заинтересирани за репрезентативецот на Германија, но како прва трансфер цел е ставен репрезентативецот на Шпанија, Цезар Азпиликуета. Барселона во него гледа искуство и сигурност на десната бековска позиција каде настапуваат Дест и Серхио Роберто, а проблемот засега повремено ќе биде решен со 38-годишниот Дани Алвеш.

Се вчитува...