Барселона ќе продолжи да носи засилувања според рецептот „пазари бесплатно“?

Финансиите продолжуваат да бидат сериозен проблем за Барселона. Каталонскиот клуб должи 1.35 милијарди евра, а овој долг се зголеми за 481 милион само од претходната сезона. Покрај тоа тимот не делува на оној кој блескаше пред само неколку сезони, но претседателот Лапорта има план за иднината.

Истиот ќе продолжи да биде по рецептот „пазари бесплатно“, начин на кој Барселона оваа сезона стигна до неколку врвни засилувања како Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија. Сега на списокот на посакувани играчи се наоѓаат пет фудбалери кои заедно вредат 180 милиони евра.

Тука спаѓаат голманот на Ајакс, 25-годишниот Андре Онана кој Трансфермаркт го проценува на 17 милиони евра, потоа одбранбениот двоец на Челси, Цезар Азпиликуета (13 милиони евра) и Антонио Рудигер (35 милиони евра), Пол Погба (60 милиони евра) и Франк Кеси (55 милиони евра).

Се вчитува...