Барселона конечно ги реши проблемите со финансискиот фер-плеј, но смее да потроши дури 250 милиони евра помалку од Реал

Челниците на Ла Лига по завршување на летниот преоден рок ги објавија ограничувањата за трошоците за плати на играчите и тренерите кои шпанските екипи можат да ги издвојат во престојната сезона.

Реал Мадрид останува лидер во дозволеното трошење за плати, „кралскиот клуб“ според финансискиот фер-плеј ќе може да потроши 832.8 милиони евра, што е за 71 милион евра повеќе од пред шест месеци.

Најголем раст од пред шест месеци има Барселона која „доби“ дополнителни 150 милиони евра во буџетот за плати и сега тој изнесува 582 милиони евра.

За, управата и навивачите на Барселона поважно е тоа што тимот повеќе нема никакви ограничувања со финансискиот фер-плеј и се врати на функционирањето 1/1, што значи дека може да го потроши секое заработено евро.

Атлетико Мадрид е трет во Ла Лига со ограничување за плати од 361 милиони евра, потоа следуваат Виљареал (171 милиони евра), Бетис (143), Атлетик Билбсо (139) и Реал Сосиедад (137) кои имаат право да потрошат повеќе од 100 милиони евра.

Во најлоша позиција се наоѓа Севиља која за плати на играчите и тренерите оваа сезона може да издвои најмногу 20.1 милиони евра.

Се вчитува...