Играчот од средниот ред на Ѓургарден и еден од најголемите шведски таленти Лукас Бергвал пристигна во Барселона каде што беше забележан со Деко и други играчи на Барселона пред официјално да го потпише договорот.
Сепак, она што е јасно е дека тој нема да игра за шпанскиот клуб оваа зима. Идејата е 17-годишниот фудбалер сега да го потпише договорот, но дури од јули да се приклучи на Барселона Б, а истовремено да може да игра и за првиот тим на Каталонците.
Барселона беше принудена да го донесе сега бидејќи Тотенхем силно загриза да го потпише следното лето. За него интерес покажаа и Милан и Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА