Барселона може да го врати Нејмар за 170 милиони евра

Каталонскиот гигант Барселона може да го врати Нејмар ова лето за сума од 170 милиони евра, информираат француските медиуми. Бразилецот одработи три од петгодишниот договор со Пари Сен Жермен, а според членот 17 од регулативата на ФИФА, секој фудбалер по три одиграни сезони може на сопствено барање да си замине.

Нејмар во 2017 година направи мегатрансфер од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Овој трансфер се уште е најголемиот во светската фудбалска историја. Тој, сепак, има голема желба да се врати на „Камп Ноу“ и тоа неколкупати им го соопшти на челниците на клубот од Париз. Но, во услови на криза која се создаде поради пандемијата од коронавирусот, тешко е за очекување дека Барселона ќе плати 170 милиони евра за да го врати Нејмар во Ла Лига ова лето.

Се вчитува...