Барселона му нуди на Арсенал размена Кутињо – Гендузи

Шпанскиот гигант Барселона ја загуби шампионската титула во Ла Лига и почна со реновирање на составот за следната сезона. Неизвесно е дали и Кике Сетиен ќе остане на клупата, но раководството почна со плановите за трансферни активности. Од позајмицата во Баерн Минхен се враќа Бразилецот Фелипе Кутињо, а каталонскиот клуб сака што е можно побрзо да му пронајде нова дестинација. Една од можните опции е Кутињо да се врати во Премиер – лигата и да го облече дресот на Арсенал.

Барселона им го понуди на „топчиите“ офанзивниот играч за врска и сака размена во која на „Камп Ноу“ би се преселил Матео Гендузи. Францускиот интернационалец е надвор од тимот откако имаше недоразбирање со менаџерот Микел Артета. Многу веројатно е дека тој ќе биде ставен на трансфер – листа, а Арсенал би добил одличен фудбалер во Кутињо, доколку ја прифати понудата на Барселона.

Се вчитува...