Барселона му предложи нов договор на Дембеле со 8 милиони евра годишно

Пресврт во ситуацијата со Усман Дембеле во Барселона. Сега „Каталонците“ сакаат да го задржат, па затоа според шпанските медиуми, му предлагаат договор до 2024 година, со плата од 8 милиони евра годишно. Оваа плата би била нето, а исто така би имал и бонуси.

Договорот на Французинот со Барса истекува ова лето, но се работи на негово продолжување.

Долго време Дембеле беше на излезна врата од „Ноу Камп“ и се шпекулираше за негово заминување во Челси и Њукасл. Оваа зима самиот тој одби трансфер во друг тим, со што Чави се реши да го врати и да му даде шанса.

Дембеле за околу 120 милиони евра дојде од Борусија Дортмунд во Барселона, но не ги оправда вложените пари во него. Често се соочуваше со повреди, и беше надвор од терените, а исто така често знаеше да се најде на критики на навивачите поради слабите изданија.

Се вчитува...