Барселона на колена пред Барди и Леванте

Енис Барди и Леванте приредија големо изненадување земајќи го скалпот на Барселона, совладувајќи го актуелниот шампион со 3-1. Македонскиот репрезентативец беше стартер за Леванте, напуштајќи го теренот по израмнувачкиот гол во второто полувреме.

Тимот од Валенсија дојде до триумф со огромен пресврт во второто полувреме, откако Меси донесе водство на Барса од пенал во првиот дел. Каталонците делуваа сигурно во првиот дел, но ситуацијата се промени откако загубија една топка при изнесување од сопствената половина.

Леванте го искористи тоа и стигна до израмнување, а веднаш потоа домаќините го искористија шокот на Барса и постигнаа уште два погодоци преку Мајорал и Радоја.

Меси постигна уште еден гол, но беше поништен, со што пропадна и последната шанса на Барса за камбек на овој натпревар.

Се вчитува...