Барселона на местото на Луис Суарез ќе го донесе – Луис Суарез

Зимскиот преоден рок е завршен, но Барселона доби дозвола да ангажира нов напаѓач како замена за повредениот Луис Суарез. Тоа може да го стори само од клубовите од Шпанија. Интересно, прва опција за да пристигне на „Камп Ноу“ како замена за Луис Суарез е – Луис Суарез. Но, овој е од Колумбија и настапува за шпанскиот второлигаш Сарагоса.

Каталонците немаат многу опции во офанзивниот дел, а Кике Сетиен сфати дека и младиот Ансу Фати нема да може да го износи на свои плеќи вториот дел од сезоната. Антоан Гризман не е во најдобра форма, а сето ова му предизвикува уште поголема нервоза на Лионел Меси.

Оттаму и идејата на Барселона да го купи колумбискиот Луис Суарез. Тој има 22 години и би ги чинел клубот околу 4,5 милиони евра.

Се вчитува...