Барселона на новиот тренер му вметна специјална клаузула во договорот

Ернесто Валверде доби отказ во Барселона за да шпанскиот шампион веднаш го именува за нов тренер Кике Сетиен.

61-годишниот Сетиен потпиша договор до 30 јуни 2022 година, што изненади многумина со оглед на тоа дека се смета само за привремен тренер. Но, Барселона не остана а да не биде заштитена. Како што пренесуваат шпанските медиуми, каталонскиот тим си вметнал специјална клаузула во договор за сигурност.

Па, така Сетиен ќе биде најпрво тренер само до крајот на сезоната, а во зависност од резултатите постои можност за раскин на договорот или за продолжување на уште една до јуни 2021, а потоа на уште една до јуни 2022 година. Доколку не испорача резултати клубот може да го раскине договорот без никаква отштета.

Во најлош случај за поранешниот тренер на Бетис, би можел веќе во јуни оваа година да стане поранешен. Ако има резултати тогаш го чека двегодишна соработка.

Се вчитува...