Барселона најави намалување на буџетот за 15 отсто

Кошаркарскиот тим на Барселона ќе го намали својот буџет за 15 отсто. Економските последици од коронавирусот удрија и по еден од најголемите спортски колективи во светот. Тие ќе мора на спортските секции да им го намалат буџетот, а прва на удар ќе биде кошаркарската која во новата сезона ќе влезе со 15 отсто помал буџет.

Барселона ги доведе литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус и плејмејкорот Ник Калатес, а поради последиците од пандемијата од коронавирусот, тоа ќе бидат сите засилувања за Каталонците, пресрет новата сезона.

Се очекува да има кратење на буџетот и во фудбалскиот и ракометниот колектив, пренесуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...