Барселона нема да штеди за трансфер на Србинот кој го бара пола Италија

Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ блеска со одличните настапи во Серија А. Веќе подолго време за неговиот потпис се заинтересиран Наполи, Јувентус и Интер, а на италијанските гигант им се приклучи и Барселона.

Самарџиќ е голема желба на спортскиот директор на Барселона, Деко и каталонците не планираат да штедат за негов трансфер, туку ќе ја активираат откупната клаузула од 35 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми. Каталонците веруваат дека Самарџиќ може да му помогне на тимот, а сумата за трансфер не е превисока со оглед на растот на цените на фудбалерите секој нареден преоден рок.

Србинот е дел од италијанското првенство и Удинезе од 2021 година и сега е главна ѕвезда во тимот. На 84 натпревари постигна 10 голови и забележа девет асистенции.

Се вчитува...