Барселона нема да го продава Де Јонг ако не најде негова замена

Заминувањето на Френки Де Јонг од тимот на Барселона е се поизвесно, откако не се снајде во таборот на „Каталонците“ по доаѓањето од Ајакс во 2019 година за 85 милиони евра.

За него има неколку заинтересирани екипи, а пред се новиот тренер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа Барселона нема намера да го продаде својот играч од средниот ред, доколку не обезбеди негова замена. На списокот кои би биле потенцијални замени се најдоа Марко Верати од ПСЖ, Кевин Де Брујне од Манчестер Сити, и Бернардо Силва од истиот тим.

Првите двајца се малку веројатни дека ќе си заминат од своите клубови, па така веројатно Бернардо Силва ќе биде идеалната замена.

Се вчитува...