Барселона нема да купува нов напаѓач

Каталонскиот гигант Барселона се откажа од идејата за ангажман на нов напаѓач оваа зима. Разговорите меѓу раководството на клубот и тренерот Кике Сетиен се во насока дека во моментот на пазарот нема адекватно решение за напаѓачката позиција на „Камп Ноу“. Барса се обиде со неколку фудбалери, меѓутоа доби негативен одговор или пак барања за преголема отштета од клубовите. Оттаму донесена е одлука дека Барселона нема да купува нов напаѓач кој требаше да биде замена за повредениот Луис Суарез.

Пјер – Емерик Обамејанг од Арсенал, Родриго од Валенсија, Ришарлисон од Евертон, Душан Тадиќ од Ајакс беа желбите на Барселона, но преговорите со клубовите не завршија со хепиенд. Постоеше опција и за враќање на Фелипе Кутињо од позајмицата во Баерн Минхен, но многу веројатно дека и тоа нема да се реализира.

Тренерот Кие Сетиен ќе ги има Лионел Меси и Антоан Гризман како ударен тандем во нападот, а се очекува приклучувањето и на повредениот Осман Дембеле. Тука е и младиот Ансу Фати кој го надополнува офанзивниот арсенал на Барселона во овој момент.

Се вчитува...