Барселона остави хаос во соблекувалната на Ибица (ВИДЕО)

Барселона едвај избегна срам во купот на кралот, откако го совлада третолигашот Ибица нагости со 1-2. Херој за Каталонците беше Антоан Гризман кој во 94. минута донесе победа за Барселона.

Барселона не воодушеви со играта и резултатот на мечот, но и со однесувањето по натпреварот многумина разочара, додека домаќините ги разбесни. Ѕвездите од Барса, соблекувалната ја оставија во хаос. Полно расфрлано ѓубре, кори од овошје, завои, марамчиња, шишиња, чорапи…

Се вчитува...