Барселона по стапките на Реал Мадрид – Потпишува млад Јапонец

Младиот јапонски фудбалер Хироки Абе ќе премине во Барселона, потврдено е од клубот од Ј лигата, Кашима Антлерс. Се очекува 20-годишниот напаѓач по медицинските прегледи да потпише повеќегодишен договор, но деталите за него се уште не се соопштени.

„За две и пол години во Кашима значајно напредував. Чекам нов предизвик во Барселона, иако ми е многу тешко што ќе морам да ја напуштам Јапонија. Се надевам дека ќе ги надминам многуте препреки кои ме очекуваат“, порача Абе. 

Абе е најдобриот млад играч од земјата на изгрејсонцето. За три години во Кашима одигра 64 натпревари на кои постигна девет гола. Втор Јапонец е кој во овој преоден рок доаѓа во Шпанија, откако во Реал Мадрид потпиша уште еден млад талент, Такефуша Кубо.

Се вчитува...