Барселона почнува преговори со Вилијан

Барселона е заинтересирана за ангажман на бразилскиот интернационалец од редовите на Челси, Вилијан. Каталонскиот гигант се обиде да го доведе на „Камп Ноу“ и минатото лето, но Роман Абрамович ја одби понудата. Сега Бразилецот влезе во последната година од договорот кој му истекува на лето, па раководството на Барселона во јануари може да отпочне преговори за негов ангажман.

Каталонците се подготвени да платат 20 милиони евра и да го ангажираат уште во зимскиот преоден рок, но многу поверојатно е дека тоа ќе се случи по завршувањето на сезоната кога Вилијан ќе стане слободен агент. За него постои интерес и од Јувентус и од Интер.

Вилијан има постигнато 55 гола на 307 натпревари за Челси откако од Анжи пристигна на „Стемфорд бриџ“ во 2013 година. Оваа сезона на 15 меча има три асистенции и три постигнати гола за тимот на Франк Лампард.

Се вчитува...