Барселона потпиша нов договор со „чудото од дете“

Каталонскиот гигант Барселона потпиша нов договор со „чудото од дете“ Ансу Фати во која клаузулата за напуштање на клубот ќе изнесува неверојатни 170 милиони евра. Се шпекулираше дека младиот фудбалер ќе го напушти клубот, доколку Нејмар се врати на „Камп ноу“ и тоа за сума од неверојатни 100 милиони евра.

Фати има само 17 години, а во последните неколку месеци успеа да го сврти вниманието на себе со одличните партии кои ги прикажува во каталонскиот дрес. За првиот тим дебитираше на 16 години, а досега одигра 7 натпревари на кои постигна два гола и забележа една асистенција.

 

Се вчитува...