Барселона потврди: Чави останува тренер на клубот и следната сезона!

Чави Хернандез доцна синоќа уште еднаш се премисли околу својата одлука дали ќе остане на клупата на Барселона. Чави по синоќешниот состанок со Лапорта одлучи да остане во клубот и да го води тимот и следната сезона.

Оваа дефинитивна одлука ја потврди и потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте кој истакна дека претседателот Лапорта успеал да го премисли да остана не тренерската функција.

„Чави ќе остане во Барселона затоа што тој навистина е среќен во клубот. Ние никогаш не почнавме разговори со друг тренер. Сите во клубот имаат доверба во Чави“ – истакна Јусте.

Се вчитува...