Барселона поведе со 2-0 во финалето против Реал

Барселона поведе со 2-0 во финалната серија во шпанското кошаркарско првенство, откако вечерва на домашен терен во трилер меч славеше над Реал Мадрид со 86-85.

Првата четвртина помина во една неизвесна борба во која за нијанса подобри беа домаќините кои по десет минути имаа предност од 20-19. Каталонците беа за нијанса подобар противник и во вториот период па на пауза меѓу двете полувремиња имаа предност од 45-41.

Како што помина првото полувреме, така почна и второто. Многу борба под двата коша, а по 30 минути игра гостите намалија еден поен од негативата па резултатот на семафорот изнесуваше 68-65.

Како одминуваше натпреварот така избраниците на Чуз Матео играа се подобро и подобро па со тројката на Љуљ на минута до крајот поведоа со 80-83. Каталонците поентираа, по што Таварес промаши две слободни, а на другата страна Миротиќ реализираше па Барселона влезе во последните 20 секунди со предност од 84-83.

Како што одеше по навика на другата страна Серхио Родригез доби две слободни, па на 16 секунди до крајот Реал имаше предност од 84-85. И повторно слободните фрлања беа на мени во финалето. Лапровитола реализираше две и на две секунди до крајот домаќинот поведе со 86-85. Љуљ не го искористи последниот напад за својот тим, а Барселона поведе со 2-0 во финалната серија.

Миротиќ со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Хезоња заврши со 18 поени.

Се вчитува...