Барселона повторно доминира, Борко остана на клупа

Барселона брзо се консолидира по шокантното реми со Гвадалахара и повторно се враќа во победнички ритам во шпанската АСОБАЛ лига. Во „дербито“ од 14.коло, Барселона славеше убедлива побед против второпласираната Анаитасуна со 38-26.

Само во првите пет минути гостите успеваа да држат чекор, а потоа Барселона комплетно је презеде контролата на играта и на резултатот, направија серија од 6-0, поведо со 9-3 и до крај останаа во сигурна позитива.

Дика мем, Ваел Жалуз и Алеикс Гомез постигнаа по пет гола за Барселона. Борко Ристовски на овој натпревар остана на клупата, а Гонзало Перез де Варгас имаше сигурна партија на голот ан каталонскиот тим со 18 одбрани.

Се вчитува...