Барселона продолжува со 38-годишниот Дани Алвеш уште една сезона

Барселона сака да го продолжи договорот со ветеранот Дани Алвеш до 2023 година. Актуелниот договор на Алвеш е до крајот на сезоната, но Чави е задоволен од него и сака да го задржи уште една година.

Според каталонските медиуми, сите детали се договорени, и Бразилецот треба само да потпише. Тој сака да биде дел од Бразил на Мундијалот во 2022 година, а јасно е дека со останувањето во Барса шансите за задржување на репрезентативниот статус дополнително ќе му се зголемат.

Алвеш се врати во Барселона на крајот од минатата година после пет години пауза. Тој играше во Барса од 2008 до 2016 година. Потоа беше дел од ПСЖ и Сао Паоло, по што повторно е дел од „Каталонците“.

Се вчитува...