Барселона пронајде решение за позицијата лев бек

Барселона е подготвена да го заврши трансферот на фудбалетот на Леганес, Васил Кравец.

22-годишниот Украинец во јануари оваа година стигна во Леганес од Луго за 2,5 милиони евра и одигра седум меча од тогаш за овој тим. Но, веднаш е забележан од Барселона, па Каталонците го „пикираа“ како лев бек за својот Б тим за оваа сезона со намера од следната да биде прекомандуван во првиот тим.

Барселона се надева дека ќе постигне договор за позајмица до крајот на сезоната со можност да го откупи потоа за четири милиони евра.

Се вчитува...