Барселона размислува Тиери Анри да го наследи Ернесто Валверде на клупата

Шпанскиот првак Барселона ќе го ангажира Тиери Анри за нов тренер на тимот, кога Ернесто Валверде ќе замине од „Камп Ноу“, открива каталонскиот весник „Мундо Депортиво“. Работното место на тренерот во големите европски клубови е секогаш во ризик, особено доколку тимот не ги остварува клупските цели. Валверде има договор до крајот на сезоната, можно е да замине и побрзо доколку резултатите не се според очекувањата, а раководството веќе остварило контакти со Тиери Анри.

Французинот играше на „Камп Ноу“ во периодот од 2007 до 2010 година, тренерскиот занает го почна во Монако, а неодамна потпиша договор со Монтреал импакт и ќе биде менаџер во МЛС – лигата на САД. Но, сигурно доколку добие повик од Барселона нема да се двоуми и ќе се врати како тренер на поранешниот клуб.

Се вчитува...