Барселона се спаси од срам против нисколигашот Линарес (ВИДЕО)

Барселона успеа да се спаси од нов срам откако успеа да слави на гостувањето Линарес со 1-2 во натпреварот од шеснаесетина финалето во Купот на кралот.

Се почна многу лошо за Каталонците откако домаќините поведоа со 1-0 со голот на Хуго Дијаз во 19. минута. Сепак, гостите успеаја да заиграат подобро во второто полувреме и со головите на Дембеле во 63. и Жутла во 69. минута стигнаа до триумф и пласман во осминафиналето од Купот на кралот.

Голот на Дембеле можете да го погледнете на следниот линк. 

Голот на Жутла можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...