Барселона се тресе – Меси се повреди на седум дена пред „Ел Класико“

Барселона поведе со 2-0 на дербито со Севилја, но во таборот на каталонскиот гигант нема многу простор за задоволство – ако се знае дека незгодна повреда уште во првото полувреме заработи Лионел Меси.

Аргентинскиот генијалец му асистираше на Кутињо при водечкиот гол, потоа самиот со прецизен удар од работ на шеснаесетникот зголеми на 2-0, но еуфоријата се претвори во молк откако Меси остана да лежи на теренот жалејќи се на повреда на раката. На прв поглед се чини дека станува збор за сериозен проблем со лакотот, лекарите и покрај обидите не успеаја да го оспособар да го продолжи мечот, па тренерот Валверде беше принуден на негово место да го уфрли Дембеле.

Главоболките на стратегот на Барса се уште поголеми ако се знае дека наредниот викенд на програмата е „Ел Класико“, големата пресметка со Реал Мадрид што според првичните прогнози Меси ќе мора да ја пропушти.

Се вчитува...