Барселона се уште е далеку зад Реал Мадрид

Барселона одигра само 0-0 на гостувањето против Атлетик Билбао, не успевајќи да ја намали негативата во однос на Реал Мадрид по синоќешното реми на „кралевите“ во Валенсија.

Атлетик и Барса неодамна се сретнаа во четвртфиналето од Копа дел реј, но за разлика од тој меч полн со возбудувања кој беше решен во продолженија, овојпат голманите на двете екипи имаа далеку помалку работа. Мал беше бројот на шанси пред двата гола, каталонците делуваа помотивирано да стигнат до победнички погодок, но не успеаја да го најдат патот до противничката мрежа.

Згора на тоа, Чави уште во првото полувреме поради повреди ги загуби Де Јонг и Педри, кои повторно ќе мора да минат извесен период надвор од фудбалските терени.

Барселона со ова реми сега заостанува еден бод зад Џирона во трката за второто место, а каталонскиот гигант се уште е на далечни „минус осум“ во однос на лидерот Реал Мадрид.

Се вчитува...