Барселона си најде „медицински џокер“ во Леганес

Каталонскиот гигант Барселона доби дозвола од Ла Лига да го искористи „медицинскиот џокер“ и да доведе замена во навалната линија поради повредите на Луис Суарез и на Осман Дембеле. Најнова опција за тренерот Кике Сетиен е данскиот репрезентативец Мартин Братвајт од Леганес.

Барселона може да доведе едно засилување надвор од зимскиот преоден рок и за тоа има на располагање 15 дена. Покрај Братвајт во опција е и Анхел Родригез, напаѓачот на Хетафе кој во саботата беше стрелец на „Камп Ноу“ против каталонскиот тим.

Реал Сосиедад побара 35 милиони евра за Вилијан Жозе, а раководството на Барселона оцени дека тоа е сепак прескапа варијанта за ваков вид на трансфер.

Се вчитува...