Барселона имаше голема шанса да триумфира на гостувањето кај Севилја, но освои само бод играјќи 1-1. Иако губеа од домашниот тим по голот на Папу Гомез кој ја искористи заспаноста во одбраната на Барса и со нога стрелаше во мрежа, сепак на крајот од првиот дел Барса израмни со гол на Араухо, исто така по изведен корнер, но во вториот дел имаа голема шанса за победа.
Севилја остана со играч помалку откако во 64. минута Кунде беше исклучен поради глупоста што ја направи и го удри со топка Алба. Сепак, и тоа не беше доволно, и покрај тоа што Барселона имаше неколку шанси. Најсериозната беше на Дембеле кој што ја погоди стативата од голот на Севилја.
Така Барса му помогна на тимот на Реал Мадрид д асе зацврсти на првото место на тбаелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА