Барселона со ултиматим до Миротиќ – 50% од платата или оди си!

Барселона доживеа нов дебакл во Евролигата откако одново потфрли на завршниот турнир. Во Каунас каталонците патуваа како топ фаворит за шампионскиот трофеј, но загубија од Реал Мадрид во полуфиналето, а потоа и во натпреварот за третото место беа поразени со 12 разлика од Монако.

Раководството на клубот незадоволството од новото потфрлање го казни со намалување на буџетот за следната сезона од 10 до 15 отсто па најголемиот товар ќе го сносат играчите со најголеми плати.

Еден од нив е Никола Миротиќ кој прима бруто плата од 11 милиони евра. Црногорецот со шпански пасош мора да се согласи на намалување од 50 отсто или во спротивно ќе мора да замине од клубот на крајот на сезоната и покрај тоа што има договор уште две години.

„Сакам да го завршам договорот со Барселона. Имам уште две години, но во спортот работите не се секогаш толку едноставни. Ништо не е одлучено па ќе видиме што ќе биде“, изјави Митровиќ по завршницата на Евролигата.

Се вчитува...