Екипата на Барслона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако и на реваншот на домашен терен ја совлада екипата на Бенфика со 3-1, и така со вкупни 4-1 се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Барса до предноста се стекна во првиот дел, и во второто полувреме само ја одржуваше разликата.
Рафиња во 11. минута на асистенција на Јамал успеа да ја донесе Барселона во предност, но после две минути „шок“ за Каталонците во режија на Отаменди.
Следуваше прекрасниот гол на Јамал во 27. минута кога од преку 20 метри успеа да го совлада Трубин и одново да ја донесе Барса во предност.
Тоа како да им даде дополнителни крила на играчите на Барса, па до крајот на полувремето преку Рафиња постигнаа уште еден гол.
Во вториот дел и двата тима имаа шанси, но промена на резултатот немаше.
Барселона во 1/4 финалето ќе го чека подобриот од дуелот Лил – Борусија Дортмунд. Првиот меч заврши без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА