Барселона тргнува по Лаутаро Мартинез

Каталонскиот гигант Барселона ќе реагира експресно по поразот од Валенсија во Ла Лига и ќе се обиде да го доведе Лаутаро Мартинез во зимскиот преоден рок. Последниот лош настап на нападот на Барса покажа дека на Кике Сетиен му е потребен нов напаѓач кој ќе го надомести отсуството на повредениот Луис Суарез.

Раководството на Барселона е подготвено да ја активира отштетната клаузула вредна 110 милиони евра и да отпочне преговори со Аргентинецот за да се пресели на „Камп Ноу“. Лаутаро Мартинез оваа сезона има постигнато десет гола за Интер во Серија А.

Се вчитува...