Барселона тргнува по мега талентот на Арсенал

Со доаѓањето на Чави на клупата на Барселона, каталонскиот тим се подготвува за нова ера. Шпанскиот состав во своите редови има неколку мега-таленти како Гави, Фати и Педри, во јануарскиот преоден рок се очекува на „Камп Ноу“ да пристигне и Феран Торес, а оваа листа се очекува да ја дополни и Чарли Патино.

Осумнаесетгодишниот Англичанец блеска во дресот на Арсенал, а на последниот одигран меч за „топџиите“ против Сандерленд успеа да се запише и во листата на стрелци. Експретите му предвиуваат блескава иднина, а за тоа говори и самиот интерес на Барселона.

Проблемот кој може да се јави во ангажманот на играчот од средниот ред е перспективата која ја има младиот тим на Арсенал. Тимот на Микел Артета блеска со млади играчи, а Патино е еден од оние за кои се смета во следните сезони. Останува да видиме само дали овој пат раководството на Арсенал ќе оддолее на парите, нешто што не беше случај во претходните години.

Се вчитува...