Барселона царува на Супер-Глоуб, трета титула во низа

Барселона ја продолжи доминацијата на Супер-глоуб откако каталонскиот гигант во финалето го совлада Кил со 34-32, стигнувајќи до третата титула во серија на неофицијалното светско клупско првенство. „Зебрите“ од Германија немаа сили да ја повторат играта од полуфиналето со Вардар, па каталонците беа поумешни во клучните моменти од мечот и заслужено стигнаа до трофејот.

Кил на полувреме замина со предност од 17-15, во вториот дел имаше и водство од три гола (20-17), но избраниците на Филип Јиха не успеаја да го издржат ритамот до самиот крај. Барса предводена од Циндриќ најпрвин ја истопи нивната предност, а потоа и направи целосен пресврт. Каталонците дојда до „плус четири“ (29-33), Кил дојде на само еден гол разлика (32-33) пред Палмарсон да стави печат на ова интересно финале.

Само за потсетување, Вардар повторно како и пред две години го освои третото место на Супер-глоуб, откако македонскиот првак во денешното „мало финале“ славеше над Ал Вехда со 30-26.

Се вчитува...