Екипата на Барселона има предност од 2:0 против Феенорд по првото полувреме во својот прв меч во Лигата на шампионите сезонава.
Каталонците кои сезонава редат само победи, го отворија резултатот уште во третата минута преку капитенот Рафиња кој со одличен потег исфри двајца играчи на Феенорд по што без мака ја затресе мрежата. Голот на Рафиња може да го погледнете ТУКА.
На средина од првиот дел, предноста на каталонскиот тим ја удвои Карим Адејеми кој постигна прекрасен гол со шут од 18-тина метри.
Во вториот меч кој се игра од 18.45, Штутгарт и Викинг постигнаа дури четири гола во првото полувреме (3:1). Демировиќ е херојот на Штутгарт по првите 45 минути, постигнувајќи ги трите гола за својот тим во 20-та, 26-та и 32-та минута, додека за Викинг голот го постигна Трипиќ во 22-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
