Барселона влета во трката за Ериксен

Шпанскиот гигант Барселона ќе се обиде во последен момент да го „украде“ Кристијан Ериксен и  го доведе на „Камп Ноу“. Данецот е пред договор со калчолигашот Интер, но новиот тренер Кике Сетиен посакува да го види одличниот играч за врска во тимот и побарал од раководството на Барселона да се стори се за да го ангажира во зимскиот преоден рок.

Ериксен е желба и на Манчестер Јунајтед, но тој сака да замине од Премиер – лигата по шест години во дресот на Тотенхем. Италијанските медиуми најавуваат дека Ериксен сепак ќе пристигне на медицински прегледи во Милано на почетокот на идната седмица.

Се вчитува...