Барселона во јануари тргнува по потписот на Марсијал

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал во зимскиот преоден рок може да биде нов играч на Барселона, пренесуваат англиските медиуми. Французинот кој веќе подолго време се бори со повреди го загуби своето место во редовите на „црвените ѓаволи“ и самиот е расположен за промена на средината.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Барселона која ќе мора да доведе нов играч по заминувањето на Меси и Гризман, а репрезентативецот на Францзија е и финански привлеча опција со оглед на тоа што Манчестер Јунјатед сака да се ослободи од неговите големи примања.

Марсијал е дел од англискиот тим од 2015 година кога за 60 милиони евра премина на „Олд Трафорд“ од Монако. За „црвените ѓаволи“ досега одигра 263 натпревари во сите конкуренции, постигна 78 погодоци, а асистираше до своите соиграчи 50 пати.

Се вчитува...