Барселона во трка со Челси за Андре Онана

Каталонскиот гигант Барселона сака да го донесе Андре Онана на „Камп Ноу“. Голманот на Ајакс како младинец беше дел од академијата на Барселона, но не успеа да се наметне за настап во сениорскиот тим и замина во Ајакс. Таму потполно блесна и за него сериозен интерес покажа Челси, кој го сака како замена за Кепа Аризабалага кој беше платен прескапо, а ја загуби довербата на Франк Лампард.

Но, и Барселона сака да ја исправи грешката и да го врати Камерунецот во своите редови. Тој треба да биде силна конкуренција за Марк – Андре Тер Штеген.

Андре Онана има договор со Ајакс до 2022 година. Досега има 116 настапи во тимот од Амстердам.

Се вчитува...