Барселона забрани, Јамал одлучи: Нема да игра за Шпанија на ЛОИ во Париз

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал е еден од најголемите светски таленти и еден од оние млади фудбалери кои би можеле да имаат напорно лето.

Долго време се води полемика во Шпанија дали најголемите таленти од Барселона и од Реал Мадрид ќе може да играат за шпанската селекција на ЛОИ 2024 во Париз. Еден од нив е и Јамал кој се очекува да биде на списокот и за Европското првенство во Германија, а потоа Шпанската федерација го бара да игра и на Летните олимписки игри.

Но, се чини, Јамал одлучи да не игра во Париз…

„Не би било логично по ЕВРО да се настапи на Олимписките игри. Се обидував да имам контрола над своето време на играње. Не би имало смисла да се настапи на двата турнири. Најважно е да се биде на ЕП“ – објави Јамал.

Шпанската фудбалска федерација, пак, ја убедува Барселона дека нивните млади играчи нема да бидат преоптоварени со минутажата ова лето. Во Барселона ќе ги преземат сите мерк за да ги спречат своите млади играчи да настапат на двата турнири.

Реал Мадрид, пак, веќе зазеде цврст став и им забрани на своите играчи да бидат дел од национални селекции на двата турнири, па Килијан Мбапе веројатно нема да биде на ЛОИ а се очекува да биде на ЕП 2024 во францускиот дрес, а веќе како нов „крал“.

Се вчитува...