Барселона заинтересирана за соиграч на Пандев

Шпанскиот гигант Барселона се заинтересира за младиот напаѓач на Џенова, Кжиштоф Пјатек. Соиграчот на Горан Пандев на фантастичен начин ја почна новата сезона и постигнува голови, а тоа го увидоа скаутите на каталонскиот тим. Ернесто Валверде посакува нов напаѓач во тимот, посебно откако Пако Алкасер замина во Борусија Дортмунд.

Пјатек е нова млада надеж на европскиот фудбал и Барселона е подготвена да плати 35 милиони евра. Тој блесна во дресот на Краковија, постигнувајќи 32 гола на 65 натпревари во полското првенство, по што заслужи трансфер во Серија А. Сега е на радарот и на Барселона.

Се вчитува...