Главна цел на Барселона во јануарскиот преоден рок ќе биде Дани Олмо. Фудбалерот на Лајпциг би можел да се врати на „Ноу Камп“ и да го засили средниот ред на тимот. Олмо би бил големо засилување за тимот на Чави, а од Барса веќе закажале состанок со агентите на Олмо за негов ангажман.
Доколку не дојде до договор за зимскиот преоден рок, тогаш Барса ќе се обиде на лето да го ангажира, но факт е дека нема да се откаже од неговите услуги.
Лајпциг тешко дека ќе го пушти Шпанецот да замине на зима, па така поверојатна опција е летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА