Бартомеу: Нема место за Партизан во Евролигата

Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу, ја затвори вратата за Партизан да учествува заедно со Црвена звезда во новата натпреварувачка сезона од елитното европско натпреварување. Белградските „црно-бели“ се надеваа на вајлд-карта за учество во Евролигата, но Бартомеу беше дециден на оваа тема – АБА нема шанси да добие и второ место во одбраното друштво.

Во овој момент нема шанса да примиме и втор тим од таа лига. Тешко е да се процени кој од апликантите има најдобра перспектива за развој, бидејќи во клубовите од АБА-лигата нема стабилност, туку ги одликуваат бројни растови и падови. Не ни размислуваме АБА во блиска иднина да добие уште едно место“ – изјави Бартомеу.

Според зборовите на претседателот на Евролигата, Црвена звезда ќе биде единствен претставник во регионот за сезоната 2019/2020.

Се вчитува...