Бартомеу: Го договорив Мбапе, но нашите тренери го препорачаа Дембеле

Поранешниот претседател на Барселона Жозеп Бартомеу не престанува да ја бранува јавноста по случувањата во каталонскиот тим. Откако ги нападна сегашните челници дека дозволиле заминување на Меси, тој кажа дека го имал на маса Мбапе, но дека ги слушал тренерите кои му рекле да го донесе Дембеле.

„Потписот на Мбапе веќе беше на маса, беше договорено, но тренерите кажаа дека го сакаат Дембеле затоа што тој можел да ја рашири играта“, рече Бартомеу.

Тој кажа дека точката на пресврт во Барселона била поразот од Ливерпул, кога сакал драстично да го смени тимот, но дека ги слушал играчите.

„Оценив дека по поразот од Ливерпул мора да направиме големи промени. Мораше да се случи една генерациска смена. Ги слушав играчите и погрешив. Економски одевме до границата на нашиот буџет, а потоа стигна пандемијата која не фати неподготвени“, рече Бартомеу.

Се вчитува...