Бартомеу: Само луд човек може да дозволи заминување на најдобриот фудбалер, ако јас останев Меси немаше да ја напушти Барса

Екс-претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу пред една година го напушти клубот од Каталонија, а од тогаш воопшто и не се појавуваше во јавноста, додека актуелното раководство упатуваше критики за неговото лошо водење на клубот.

Бартомеу шест години ја вршеше функцијата претседател на каталонскиот клуб, а на крајот попушти на притисокот и поднесе оставка. Во неговото владеење Барселона влезе во голема финансиска криза поради неконтролираното трошење. На почетокот на оваа сезона на Барселона не и оди баш најдобро, Бартомеу тврди дека ако тој останел Меси немало да замине.

„Голема грешка беше што Меси замина. Само луд човек може да дозволи заминување на најдобриот фудбалер во светот. Тоа со мене немаше да се случи … Ги отфрлам сите обвиненија, не се сеќавам дека јас и управата сме добивале 30% за трансферите. Повеќето беа помеѓу 5 и 10%. Ако веќе така зборуваат нека ги покажат доказите. За кој играч се работело? Никогаш ништо не импровизиравме. Имавме стратешки план од 2015 до 2021 година“, потенцираше Хозе.

Бартомеу се осврна и за доведувањето на Гризман во Барселона.

„Доведувањето на Гризман беше стратешки потег. Сите се сложивме дека може да придонесе Барса да биде подобра. Ако сме ја платиле откупната клазула тоа значи дека сме имале пари“, изјави Бартомеу.

Се вчитува...